Со палењето на фестивалскиот оган, синоќа на Античкиот театар во Охрид, симболично беше означен почетокот на 47-то „Охридско лето. „Охридската културна и духовна традиција не е одраз само на минатото и историјата, туку уште повеќе е вовед во иднината. Доказ и прилог на трајната културна мисија од Охрид е и најголемата и најзначајна културна манифестација, фестивалот  „Охридско лето“, кој денес по 47 пат ги ставаат Охрид и Македонија повторно на картата на светските културни претрстолнини“, рече во обраќањето на свеченото отворање, покровителот на фестивалот, претседателот Бранко Црвенковски.

Во следните 40 дена Охрид ќе ги отвори портите за уметниците од целиот свет. До 20 август на сцените на Античкиот театар, Долни Сарај, Света Софија и други, ќе бидат изведени 40 музички и драмски претстави. Од познатите имиња во музичкиот дел ќе настапат џез ѕвездата Барбара Хендрикс, Пепе Ромеро, кларинетистката од израел Шерон Кам и нашиот Симон Трпчески. Во драмскиот дел годинава ќе бидат узведени 14 претстави, од што четири ќе бидат македонски премиери.

Честа да го отвори 47-то „Охридско лето“ ја имаше Националниот театар за опера и балет „Тарас Шевченко“ од Киев-Украина, кој синоќа на Антички ја изведе претставата „Спартак“.  Неколку илјадната публика актерите на тричасовниот балетски спектакл ги награди со овации, а свеченото отворање беше заокружено со грандиозен огномет.

Г. Момироски