Во струшкото село Октиси, во присуство на премиерот Никола Груевски беше отворено реконструираното игралиште, инвестиција на Владата и Агенцијата за млади и спорт.
Како што беше истакнато од страна на директорот на Агенцијата за спорт и млади Марјан Спасевски, вложувањето во спортската инфраструктура е еден од најзначајните развојни сегменти во спортот. Во струшкиот регион, покрај реконструкцијата на игралиштето во Октиси, во моментов во завршна фаза се градежните работи на повеќенаменско спортско игралиште во селото Лабуништа, а избран е и изведувач и надзорен орган за изградбата на фудбалското игралиште во село Мороишта, како и за повеќенаменски спортски терен во селото Нерези.Предвидена е и реконструкција на спортските игралишта во селата Ложани и Мислешево.
Премиерот Никола Груевски, придружуван од министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми денеска го посети и реконструираното Средно општинско училиште „Ибрахим Темо“ во Струга, во кое владата преку Министерството за образование и наука инвестираше околу 13 милиони денари за реконструкција на подовите, прозорците и надворешната фасада.
OhridNews