
Меѓу другите средби, сакаме да ја нотираме средбата со заменик Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Н.Е Џулијано Васало, како и последната со Германскиот Амбасадор и голем пријател на Египќаните од Македонија, Н.Е. Ото Граф, каде детално ги изнесовме сите аспекти, аргументи и состојби со кои се соочуваат Египќаните во Македонија, притоа барајки и нивна подршка за надминување на истите, бидејки Египќаните се лојални граѓани на Македонија и се залагаат за една УНИТАРНА И ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА.
Во држава со хетерогено општество, која во суштина е исклучително тешко за одржување, принципиелно треба да се стави фокусот на „еднакви права за сите и фер шанси за сите“, како истата би можела да биде фунционална и да продуцира квалитетен начин на живот, со вистински и одржлив систем на морални вредности, систем кој ќе биде надограден со Европските вредности за кои се залага нашата заедничка татковина.
Еден од клучните докази дека Египќаните се најобесправени и најдискриминирани граѓани, е и извештајот на Народниот правобранител како и Извештаите на Европската комисија. Треба да се фаворизира принципот на „фер шанса за сите“, како и моделот на „позитивна дискриминација“, а се со цел, час поскоро да бидеме полноправна членка на Европската Унија.
Египќаните, во суштина се за една унитарна Македонија, како заеднички дом на сите нејзини граѓани, бидејки исклучиво на тој начин можеме да ја развиваме и унапредиме нашата заедничка татковина Македонија, без предрасуди и стереотипи, со взаемно и искрено почитување, врз рамноправни основи. Секој пристап различен од горенаведениот е „силен удар“ врз темелите на Унитарна Македонија и нејзината стабилност, квалитет на живот и развојна компонента.
Во 21 век, демоде и надвор од сите демократски вредности е да се протежира дискриминација, стигматизација и маргинализација, исклучиво поради фактот што сте „помал“ и поразличен, од мнозинството, а тотален апсурд при такви околности е да имате силни амбиции да бидете дел од современото Европско семејство. Нештата , конечно треба да се менуваат….
Со почит,
Дипл.правник Демир Далип
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

					



							






