Претставници од ОУ „Братство Единство” Охрид, деновиве беа во посета на  ОУ „Санде Штерјоски” од Кичево, каде беа презентирани активностите во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, чија основна цел е обезбедување услови за оддржлива интеграција во училиштата и останатите образовни институции во државата.

Како што информираат од ОУ „Братство Единство“, заложбата на оваа образовна институција е развивање позитивен однос кон традиционалните вредности на сите заедници.

Водејќи се од принципите на мултикултурализмот акцентот се става на заедничките основи на овие вредности како резултат на меѓусебните влијанија низ вековите. Токму затоа, нашиот избор за претставување пред присутните гости на настанот беше сплет од интегрирани ора на сите заедници кои учат во нашето училиште. Учениците од училиштето –домаќин, исто така се претставија со интегриран рецитал и ора.“ – информираат од охридското основно училиште.

На промотивниот настан присуствуваа претставници од локалните самоуправи, БРО од Охрид и Кичево, директорите на училиштата, координаторите на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, како и наставници, родители и ученици.

Инаку, во текот на наредниот месец се очекува да биде потпишан Договор за доделување на грант за реализација на гореспоменатиот проект.

OhridNews