Под мотото „Сплотени ко боите на виножитото“ учениците и вработените од ОУ „Братство Единство“ деновиве го одбележаа својот патронен празник.



На свеченоста што се одржа во салата во Централната училишна зграда, директорот Муамер Доко на вработените и надворешни институции и субјекти кои дале придонес за развој и промоција на училиштето во општината и пошироко им додели благодарници.


Присутните гости од разни институции, од Локалната самоуправа, ресорното министерство, родители и ученици, како и претставниците од „Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, во рамки на свеченоста имаа можност да ги видат резултатите од заедничките активности на учениците од различните етникуми кои се застапени во училиштето.

По тој повод во холот на училиштето поставени беа етнолошки катчиња и работилници од училишните секциии, а свеченоста беше збогатена со културно-уметничка програма.

OhridNews