По повод Денот на албанската азбука 22-ноември претпладнево во основното училиште „Братство Единство“ ќе се организира пригодна свечена програма. Свеченоста ќе се одржи во училишната зграда во населбата Лескајца.
Исто така во рамките на заедничките активности на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, денеска во централниот објект на ова училиште, ќе се организира подготовка и дегустација на традиционален десерт по повод на месецот Ашуре. Ова активност се реализира во соработка со Советот на родители, ученичката заедница и наставниците.
OhridNews