Основното училиште „Братство Единство”  од Охрид се збратими со основното училиште ,,Домовинске захвалности” од градот Книн, Република Хрватска.

Група наставници од ОУ „Братство Единство”, предводени од директорот Џемал Мехмед, беа во официјална посета на Книн при што директорите на двете училишта потпишаа договор за збратимување и меѓусебна соработка.

Гостите имаа можност да присуствуваат на приредбата по повод  Денот на училиштето-домаќин, а домаќините им приредија прекрасен пречек, каде во чест на гостите на приредбата, училишниот хор ја испеа песната „Македонско девојче”. Наставниците и директорите се дружеа три дена, разменувајќи искуства и начини во реализирање на наставата, со цел подобрување на нејзиниот квалитет, како и започнување на ЕРАЗМУС-проекти.

OhridNews