Основното училиште “Братство и единство” е едно од 20- те избрани училишта во Македонија кои добија нова помошна технологија за работа со ученици со посебни потреби.


Во соработка со Невладината организација од Скопје “Отворете ги прозорците” аплициравме за помошна асистивна технологија за работа со учениците со посебни потреби и бевме избрани меѓу 20- те училишта во Македонија кои  ја добиваат оваа донација на УСАИД. Со неа се опфатени тастатури, поедноставен софтвер за работа, пред се уреди кои во голема мера ќе им ги приближат компјутерите на овие ученици, со цел тие полесно да ги совладаат наставните материјали, вели Наташа Илоска, дефектолог во ОУ “Братство и единство”.


Во тек е тродневна обука на наставниците од училиштето со цел тие да научат како да ја користат новата опрема при нивната работа со учениците со посебни образовни потреби, кои се вклучени во редовната настава. При тоа, за секој од овие ученици изработени се индивидуални образовни планови, а со нив работи и дефектолог.

OhridNews