На оваа Конференција се дискутираше за е – Пристапност на основното образование, примена на асистивната технологија во основните училишта во Македонија, при што беа предложени конкретни мерки за систематско воведување на можностите на технологијата во образованието.
На Конференцијата свечено беа доделени и наградите од конкурсот за ученици „Компјутерот – мојот прозорец кон светот“ на кој двајца ученици од ОУ „Братство Единство“ беа меѓу првите десет наградени. Ученикот Сухеил Џелили од ВИ одд. со освоено 4 место и ученичката Семра Веселоска од ИВ одд. со освоено 9 место, додека останатите учесници од училиштето добија пофалници.