ОУ “Братство и единство” се збратими со училиште од Јалова- Турција
29.04.11 15:06
На иницијатива на членот на Советот на општина Охрид, Кујтим Усеини и претстваникот на ТЛЕР Илкер Мустафа, а со подршка на општина Охрид и градоначалникот Александар Петрески во периодот од 18 до 24 Април, делегација составена од претставници на Локалната самоуправа и од ОУ,,Братство Единство“ од Охрид претстојуваше во градот Јалова- Турција. Делегацијата од ОУ,,Братство Единство“ ја предводеше директорот г-дин Осман Османи, а ја сочинуваа и членови на Управниот одбор на училиштето, ученици и наставници од трите наставни јазици.
Целта на оваа посета беше збратимување на ОУ,,Братство Единство“ со училиштето „ Бахчелиевлер“ од Јалова и учество во одбележувањето на Денот на детето- 23 Април што масовно и со пригодни манифестации се одбележува во цела Турција. Училиштето, домаќин за прв пат одрганизираше манифестација од ваков тип, а учествуваа: Македонија, Полска, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Казакстан и Киргистан. Притоа беа остварени контакти на високо ниво со претставници од Министерството за образование во Јалова, градоначалникот и други влијателни фактори.
Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2026 за најдобра дебитантска книга од млад автор Ко...
Под насловот „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“ платформата за одржлив развој „Лице в лице“ утре во Струга во просториите на Europe House во Струга ќе о...
Во тиражниот кинески весник Macao Daily News (Макао Дејли Њуз), во додатокот за литература и култура „Огледално море“ (Mirror Sea / 鏡海) на една страница се објавени песни од македонскиот поет Славе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.