Со пригодна свеченост, основното училиште „Дебрца“ од Белчишта го одбележа патрониот празник, 11 Ноември, Денот на формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада.


На свеченоста беше изведена културно- уметничка програма од страна на учениците, а на авторите на најуспешните на литературниот и ликовен конкурс на тема “Сината планета, наше најголемо богатство” им беа доделени награди и признанија.

Награди им беа доделени и на победниците од неодамна одржаниот Ноемврискиот крос.


На одбележувањето освен учениците и родителите, присуствуваа и претставници од Сојузот на борците од општините Дебрца и Охрид.


Делегација од училиштето положи и свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Белчишта, а беше посетена и спомен-собата на НОБ.

OhridNews