Со пригодна свеченост, денес, Основното училиште Дебрца ќе го одбележи патрониот празник.

Во рамки на свечената приредба, која ќе се одржи под мотото “Земјата- сина планета”, ќе биде изведена културно- уметничка програма. При тоа , ќе им бидат доделени и награди на учениците- првенци на генерација, на наградените ученици од претходно распишаниот конкурс за литературни и ликовни творби, а награди ќе добијат и победниците на неодамна одржаниот Ноемвриски крос по повод патрониот празник на училиштето, на кој учествуваа околу 40 ученици.

Свеченоста ќе започне во 12 часот.

OhridNews