Со полагање свежо цвеќе пред спооменикот на паднатите борци од НОБ во село Белчишта, продолжија чествувањата по повод патрониот празник на О.У. „Дебрца“ од Белчишта. Свеченоста беше збогатена со повеќе културно уметнички точки што ги подготвија учениците.

Гостите на свеченоста ги поздравија градоначалникот на
општина Дебрца, Љупчо Којчиноски, и директорката на училиштето Весна Шопоска.

Се реализира и продажна акција на храна карактеристична за поднебјето на општина Дебрца.

Во рамки на свеченоста беа доделани и наградите за најдобрите литературни творби.

OhridNews