О.У. „Григор Прличев“ е едно од трите основни училишта во државата, кои врз основ на постигнатите резултати на натпреварите по германски јазик, се вклучени во проектот „Училишта партнери на иднината“, поддржан од германскиот Г.Т. институт и германската амбасада во Македонија.

На свеченоста, што вчера се одржа во О.У. „Григор Прличев“ , беше потпишана повелба за партнерство и ова школо официјално беше прогласено за германско партнерско училиште.


Придобивките за нас како училиште се големи, всушност ние заедно со двете други училишта од земјава сме носители на овој проект, вели директорот на ОУ ” Григор Прличев”, Сашо Ставрески.

На свеченоста, присуствуваа и претставници на германската амбасада во земјава и ГТ институтот. 

ГТ  институтот и германските амбасади бројат над 1. 500 партнерски училишта во светот. Овие ученици имаат можност да се поврзуваат преку заедничката интернет страна на која се претставени сите училишта и сите нивни проекти. Ме радува што во Макдеонија веќе се вклучени три училишта со што се проширува мрежата на германските партнерски школи, истакна претставникот од ГТ институтот.


Од оваа учебна година во ОУ ” Григор Прличев” започна со работа една паралелка во прво одделение во која германскиот јазик се изучува како факултативен јазик. Со оглед на покажаниот голем интерес од страна на учениците, се очекува од идната година бројот на вакви паралелки да се зголеми. 

Т. К.