ОУ „Христо Узунов“ започна со активностите за одбележување на денот на својот Патрон, Христо Узунов. Делегација на училиштето положи свежо цвеќе пред бистата на Узунов во училишниот двор, а беа доделени и награди за авторите на најуспешните творби на ликовниот и литературен конкурс на училиштето.

Цвеќе на бистата на револуционерот Христо Узунов положија и преставници на Комисијата за одбележување на празници и манифестации при Советот на Општина Охрид.

Одбележувањето продолжува со вечерашната изложба во 18.30 часот и Свечената академија која во Центарот за култура ќе започне во 19 часот.

OhridNews