
– Горди сме на името што го носи нашето училиште и преку резулттатите што ги постигнуваме во наставно-образовниот процес настојуваме да се оддолжиме на
Јанева се осврна и на успесите на учениците постигнати во оваа учебна година. За првенец на генерацијата критериумите ги исполнуваа 44 ученици. Од нив приматот го стекнаа 12 осмоодделенци со најдобар континуиран успех во основното образование. Беа соопштени и добитниците на наградите на училишните конкурси за ликовни и литературни творби при што беше прочитана првонаградената песна на Игор Завојчески.

На свечената академија присуствуваа и претседателот на Советот на општина Охрид, Владо Чингоски и други претставници на локалната самоуправа, гости од Република Србија и голем број родители.Тие со воодушевување ја ја проследија извонредната изведба на мјузиклот „Свирач на покривот“ кој го изведоа педесеттина ученици-членови на училишниот Хор, драмската и музичката секција од ОУ „Христо Узунов“.
Чествувањето по повод 103-годишнината од смртта на Узунов продолжија денеска со поклонение пред бистата на херојот во Охрид и гробот на Христо Узунов во Цер.
ohridnews











