Учениците и наставниците од ОУ „Христо Узунов“ со повеке содржини, достојни на името што го носи училиштето, го одбележуваат Патрониот празник, 24. Април, денот на херојската погибија на охридскиот илинденец.

Деновиве од печат излезе  годинешиот број на училишниот весник „Илинденска искра“ во кој се содржани повеке наставно-педагошки теми, согледувања, резимеа, како и творби на учениците.

Свечената прослава  по повод Патронатот, училиштето ќе ја одржи во четврток, 23-ти април. Во Центарот за култура во Охрид, во 18.30 ќе биде отворена ликовната изложба подготвена од учениците – ликовни творци.Во 19 часот во големата сала на Центарот за култура, свечената програма ќе ја отвори Хорот на училиштето со исполнение на творбата „Узунов“ под раководство на Вера Булоска.


По поздравниот збор на директорката Оливија Пирузева –Јанева, ќе се изврши доделување на наградите на учениците. Со својата творечка сила учениците од „Христо Узунов“ че се претстават пред родителите и гостите со поетско-музичкиот рецитал „КИРИЛИЦО  ИСПЕАНА“ во изведба на учениците  од рецитаторската секција, хорот и оркестарот, а под раководство на професорите Нада Групче, Вера и Илија Булоски, и кореографија на Валентина Митреска.

На 24.Април, денот на погибијата на Узунов, делегации на училиштето, во знак на почит кон Патронот, ќе положат свежо цвеќе на бистите на Христо Узунов и методи Патче во градскиот парк во Охрид и на гробот на Узунов во спомен-паркот во село Цер.

Ohridnews