Учениците- членови на литературната секција, секцијата по француски јазик и членовите на училишниот хор и оркестар, пред бројните гости во салата се претставија со бројни музички точки и рецитали придружени со музика од познати филмови и оперски арии.
Во првиот дел беа изведени рецитали пропратени со звуците од неколку познати филмови и опери, меѓу кои и филмот „Шиндлерова листа“ и сценската кантата „Кармина Бурана“.
Во вториот дел се славеше животот и беа изведени точки на француски јазик со музика од познати француски мелодии.
Директорката на училиштето, Дијана Јулоска истакна дека е задоволна од досега реализираните успеси на учениците, за кои се надева дека ќе продолжат и во идниот период, за кога најави и бројни зафати со кои ќе се изврши подобрување на условите за работа во училиштето.
Во рамки на одбележувањето на патронатот на училиштето, во галеријата на Центарот за култура се одржа и изложба на цртежи насликани од страна на талентираните ученици од ОУ „Христо Узунов“.