Со полагање свежо цвеќе пред бистата на Христо Узунов во дворот на училиштето, во понеделник 23-ти април, ОУ „Христо Узунов“ ќе ги започне активностите за одбележување на патрониот празник. Ќе се одржи и историски час и доделување награди на ученици, а свечената приредба ќе почне во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Во рамки на програмата предвиден е настап на хорот на училиштето, обраќање на директорот, прогласување првенец на генерација, како и настап на учениците од рецитаторска и драмска секција, хорот и оркестарот под раководство на професорите: Дијана Јулоска, Вера Булоска, Илија Булоски, Стефанка Ангелоска, Светлана Климоска, Никола Дафинчески, Оливија Пирузева Јанева.
Во вторник ќе се положи свежо цвеќе на бистата на Методи Патчев и Христо Узунов со историски час, а во 11 часот ќе се посети и гробот на Узунов во селото Цер.
OhridNews












