Основното училиште „Кочо Рацин“ го одбележа својот Патронен празник, денот на раѓањето на големиот македонски поет, револуционер и основоположникот на современата македонска литература Коста Апостолов Солев- Рацин.

Одбележувањето започна со свечена приредба на која учество зедоа учениците од петто до деветто одделение. Во поздравниот збор директорката Соња Милеска го истакна своето задоволство од одличното работење на колективот и потенцира дека учениците од ова училиште во изминатата година се закитија со голем број на награди на општински, државни и меѓународни натпревари.

Чествувањето продолжи вчера кога во училиштето беше организиран Саем на секции и спортски активности. На саемот учениците ги презентираа нивните проекти, истражувања и експерименти со кои се претставија на настанот Ноември месец на науката, каде освоија бројни награди и пофалници.

OhridNews