Победник на општинскиот квиз натпревар од областа на сообракајот и сообракајната култура за учениците на основните училишта е ОУ “Коцо Рацин”. Основците од ова училиште покажаа најмногу знаење на натпреварот што денеска се одржа во х. „Ривиера“. Второто место го освои ОУ “Живко Чинго ” од с. Велгошти, а третото место место ОУ ” Ванчо Николески”.


Покрај наградите кои ги освоија учениците, победниците на овој квиз натпревар се стекнаа со правото да ја преставуваат општина Охрид на регионалниот квиз натпревар кој ке се одржи на 13.12 2008. Поради штрајкот во образованието на квиз натпреварот учествуваа 4 екипи од основните училишта, а една екипа беше дисквалификувана заради некомплетност.


Иако од страна на организаторот, Општинскиот совет за безебедност во сообракајот, беа преземени сите мерки за добра организација, одредени училишта занемарувајки ги потребите на учениците, а со тоа и мерките за зголемување на сообракајната култура, не се одзваа на квиз натпреварот, со образложение дека се во штрајк. Со тоа на дел од учениците им беше ускратено правото да се натпреваруваат со своите врсници и да го покажат своето знаење од областа на сообраќајот и сообракајната култура кај младите, информираат од Општинскиот совет за безбедност.

Ohridnews