Детската недела, која секоја година се одбележува во првата седмица на октомври, во ОУ „Св. Климент Охридски“ се одбележа со низа активности.

Главниот хепенинг се одржа викендов во кој учествуваа учениците од одделенска настава кои подготвија приредба на која присуствуваа многубројни гости.


Учениците се потсетија на детските права, а првачињата беа примени во Детска организација давајќи ја свечената заклетва. По тој повод училиштето им додели маички со амблемот на училиштето.


OhridNews