Од оваа учебна година ОУ ,,Св. Наум Охридски“ од с.Пештани е вклучено во програмата на Министертвото за образование и наука „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Училиштето аплицира да стане Еко – училиште. За таа цел е формиран Еко – одбор во кој членуваат ученици, наставници, родители, претставници од техничкиот персонал, локалната самоуправа, невладини организации и медиумите.
Најмногу внимание, според директорот на училиштето Зоран Целески, ќе се посвети на заштедата на енергија и вода, како и уредуавње и чување на дворот и училишната зградата.
Оваа програма се реализира преку интегрирање на еколошките содржини во постоечките предмети, како и преку ангажирање на сите релевантни фактори, наставници, педагошко-психолошките служби, локалните власти во насока на реализација на проекти за зачувување на животната средина.

Учениците својата креативност ја покажаа преку подготовка на храна, ходниците и училниците се уредуваат со цвеќиња, во училишниот двор се поставени клупи за седење, а во тек се и активности за подигнување на свеста за потребата од здрав начин на исхрана кај учениците.











