Учесниците на партнерскиот проект „Чиста природа- долг живот“ кој го имплементира  ОУ „Ванчо Николески“ од село Лескоец, денеска имаа средба со заменик- градоначалникот Ристо Николески.

На средбата на која учествуваа претставници на партнерите од Велика Британија, Португалија, Романија и Турција, координаторката Елизабета Настоска, наставник по англиски јазик во ОУ „Ванчо Николески“ објасни дека се работи за проект кој ќе трае две години, а целта е со разни активности со земјите партнери да се разменат искуства од областа на заштитата на животната средина.

Основното училиште „Ванчо Николески“ преку програмата „Еразмус“ доби два гранта од програмата Клучна акција 2- КА229  за  стратешки партнерства за училишна размена и образование. Во рамките на проектот се предвидени работилници, иновативни стратегии и нови методологии, преку кои ќе се подобрат професионалните вештини кај наставниците за поефикасно подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина.

OhridNews