ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец ја однесе првата награда во Југозападниот регион за користење иновации во наставата. Седум наставнички од одделенска настава од ова училиште заедно со нивните ученици учествуваа на овој натпревар, интегрирајќи ги наставните содржини од одредени предмети со наставната технологија. Поради успешноста на изготвените содржини и примената на лап-топ компјутерите во наставата од I до III одделение, ОУ „Ванчо Николески“ доби златна плакета, ЛЦД прожектор и сертификати за сите наставници и ученици кои учествуваа на овој натпревар.
Во програмата, која почна во ноември 2010, учествуваа над 400 одделенски наставници и 137 основни училишта, а награди добија осум училишта од земјава. Покрај ОУ„ Ванчо Николески“ од Охрид, признанија добија и основните училишта „Кирил и Методиј“ од Кочани, „Климент Охридски“ од Битола, „Рилиндија“ од Тетово, „Вера Јоциќ“ од Скопје, „Крсте Мисирков“ од Гевгелија и „Блаже Конески“ од Велес.