ОУ “Живко Чинго” од Велгошти со богата културно- уметничка програма го одбележа патрониот празник, на која настапија ученици- членови на драмската секција и хорот при училиштето.

Директорката на училиштето, Мирјана Крлеска, изрази благодарност до локалната самоуправа за реконструкцијата на училиштето и подобрувањето на условите за работа, за што на градоначалникот Александар Петрески му беше доделена и благодарница.

При тоа, Петрески нагласи дека локалната самоуправа продолжува и понатаму со обновувањето и модернизирањето на ова и на останатите училишта во општината. Присутните ги информира дека конечно е потпишано решението за легализација на спортската сала во Велгошти со што и салата наскоро ќе може да се реконструира.

OhridNews