На 7-ми декември, ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе биде домаќин на одржувањето на активности во рамки на проектот „ЛИДЕР“ кои ќе започнат во 10.00 часот.

Согласно програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2014 – 2018 година, Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за стручно образование и обука, а со поддршка на професори од високо образовните установи во државата и претставници на бизнис заедницата, трета учебна година по ред го имплементираа проектот “Лидер“, во чии рамки се организираат натпревари на локално и државно ниво помеѓу ученици од сродни образовни профили во завршните години во средните стручни училишта. Со тоа, по трет пат во една средношколска генерација, се избираат ученици – лидери на струки.

Имено, во оваа учебна 2016/2017 година за учество во натпреварите, кои се одвиваа најпрво на ниво на училиште, а потоа и на државно ниво, се пријавија средношколци од  24 образовни профили во 8 струки и тоа: машинска, хемиско – технолошка, угостителско туристичка, електротехничка струка, сообраќајна струка, здравствена, економско – правна и трговска струка и земјоделско – ветеринарна.

Победниците Лидери на струка заедно со нивните наставници ментори, освен признанија како потврда на постигнатиот успех, ќе добијат и паричен надоместок согласно Законот за средното образование.

OhridNews