Екипата од Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ ќе го претставува Охрид на „Гимназијадата“ откако триумфираше на општинскиот турнир во фудбал.
„Угостителите“ на турнирот беа поуспешни од екипите на ЕМУЦ Св. Наум Охридски и ОСУ Св. Климент Охридски со идентични 4-2 и како домаќини обезбедија пласман на завршницата од Гимназијадата.
Во „Гимназијадата која ќе се одржи во Охрид од 8 до 10 мај „средношколците“ ќе се натпреваруваат во фудбал, кошарка, атлетика, ракомет и одбојка.
Мх.П.