20 000 туристи од земјите на Бенелукс и 2000 од Австрија се очекува ова лето да допатуваат во Охрид, пренесува „Сител“.

Во последниве години драстично е зголемен бројот на туристи од странство. Сепак од здужението на угостители и туризам велат дека, сеуште не може да се постигне онаа бројка од деведесетите години- кога Македонија ја посетувале до еден милион туристи годишно. Ако се подобри инфрасруктурата очекуваат да порасне и бројот на посетители.
Од ХОТАМ велат дека треба да се намали данокот на храната во рестораните. Со тоа ќе се зголеми обртот на работа и потребата од нови работници. На листата на туристички дестинации Макеоднија се наоѓа на 147 место, извести Сител.
OhridNews











