Во изминатиот период од страна на македонската гранична полиција евидентирани се вкупно 42 оштетувања на возила и одземања на таблички на лица кои престојувале во Грција.
Од 42-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со 6. По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 7 случаи.
Од вкупниот број случаи – 27 се пријавени од страна наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информацијаод грчките колеги за случаите.
Дваесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.
OhridNews