Според податоците на Секторот за внатрешни работи, оваа туристичка сезона, е забележано намалување на случените сообраќајни незгоди.

Во јули биле евидентирани 55, додека пак во август 33 сообраќајни незгоди,  што претставува намалување во однос на минатата туристичка сезона кога во јули се случиле 65, а во месец август 42.

Оваа сезона немало погинати лица, додека пак во август минатата година, во сообраќајна незгода животот го загубило едно лице.

OhridNews