Обезбедени се доволно количества нафта и нафтени деривати за целата грејна сезона во сите училиштата во Охрид. Според раководителот на Одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална помош при Секторот за јавни дејности, Серафим Наумовски училиштата се обезбедени за претстојната зима
–Исполнети се сите барања на основните и средните училишта упатени до нас за набавка на потребните количества нафта, така да оваа зима нема да има никави проблеми со греењето на училниците, истакна Наумовски.
Оваа констатација ја потврдуваат и во повеќето основни и средни училишта.
-Кај нас грејната сезона започна од 15ти овој месец. Трошиме околу 40-50 тони нафта, периодично набавуваме по 10-20 тони. Секоја година било во ред, така и оваа година имаме доволно нафта за да ја поминеме претстојната грејна сезона -изјави директорот на ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“, Бошко Силјаноски.