Навивачите на Фиорентина не ја заборавија својата легенда Габриел Батистута и со овации го поздравија откако тој се појави на „Артемио Франки“. „Бати-гол“ во дресот на Фиорентина помина девет сезони во кои со фантастични погодоци остави неизбришлив траг.

Да биде задоволството поголемо за Аргентинецот се погрижија фудбалерите на Фиорентина кои забележаа победа 4-3 над Верона.

Мх.П.