Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ е блиску до преминување во Фиорентина на позајмица, објави „Марка“.
Според шпанскиот спортски весник, преговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза. Договорот се уште не е постигнат, но двете страни се оптимисти за позитивен исход.

Договорот на Јовиќ со мадридскиот клуб е до 30 јуни 2025 година.
Фиорентина сака Реал Мадрид да учествува во дел од платата на 24-годишниот српски интернационалец.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 16 милиони евра.










