Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“ овој петок на сцената во трговскиот центар Ohrid Mal мол ќе биде прикажана детската интерактивна претстава „Другарство“.

Приказната е во изведба на театар „Провокација“, а почетокот е закажан за во 19 часот.

Инаку, проектот на Општина Охрид „Културата расте со децата – За сите деца“ до месец мај ќе се реализира во трговскиот центар Ohrid Mall. Секој петок со почеток од 19:00 часот има различна содржина за децата. Станува збор за проект кој се реализира втора година по ред.

OhridNews