Овошјето и зеленчукот се клучни компоненти на здравата исхрана, но исто толку е важно да бидат безбедни за јадење – што значи чисти од нечистотија и пестициди.

Секоја година од 2004 година, Работната група за животна средина (EWG), непрофитна организација која има за цел да ја направи животната средина поздрава, ги рангира неорганските производи со најмногу пестициди што ги нарекуваат „Валкана дванаесетка“.

Оваа година, EWG утврди дека 75 проценти од сите конвенционални свежи производи земени како примероци имале остатоци од потенцијално штетни пестициди. Но, за производите од таканаречената „Валканата дванаесетка“, огромни 95 проценти од примероците содржат пестициди, пренесува CNBC.

Научни студиите утврдила дека некои пестициди предизвикуваат сериозни здравствени проблеми кај луѓето, вклучувајќи спонтани абортуси, вродени дефекти и потешкотии во учењето или развојот кај децата.

Јагодите и спанаќот повторно ги зазедоа првите две места на овогодинешната листа, а грозјето скокна од 8-мо место на листата во 2023 година на 4-то место во 2024 година.

Ова е листата на 12 овошја и зеленчуци со најголеми количини на пестициди оваа година:

Јагоди
Спанаќ
Кељ, раштан и сенф
Грозје
Праски
Круши
Нектарини
Јаболка
Лути пиперки
Цреши
Боровинки
Боранија

Нутриционистите препорачуваат добро миење на овошјето и зеленчукот пред употреба, а најдобро е да се остават извесно време во ладна вода во мијалникот.

OhridNews