Во Охрид од неодамна работи Студио Кинезио, кое професионално се грижи за најмладите, за повозрасните и за највозрасните. Тука секојдневно се држат часови по  детска корективна гимнастика со цел да им се помогне на децата со деформитети и да се превенираат децата кои што се во раст од деформитети.

Во Студио Кинезио од понеделник до петок се одржуваат часови по Пилатес вежби на пилатес топки. Часовите се одржуваат од 17:00 до 22:00 ч. во групи  не повеќе од 10-12 лица, што овозможува идеалинг тренинг. Пилатесот кој во моментов е број 1 во светот на вежбите, помага за слабеење, за зацврстување на мускулатурата и оформување на телото, за подобрување на работата на внатрешните органи и за психичка релаксација.

 
Студио Кинезио е идеално решение за сите оние што имаат проблеми од мускулно-скелетен тип, проблеми со ишијалгии и вратни шилци, а сите што имаат потреба од релаксација тука можат да добијат професионални масажи и третмани.

Часовите по детска корективна гимнастика, по Пилатес и останатите услуги во Студио Кинезио се одговорност на дипломираниот кинезитерапефт Јован Каланоски.

Студиото Кинезио  се наоѓа на улица Даме Груев 57, во близина на старото кино.

OhridNews

СТУДИО КИНЕЗИО: 070/570-711 , 078/422-411