Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj со Ковид-19, од кои во Скопје – 25, Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кичево и Делчево – по еден.

Пријавени се вкупно девет починати пациенти, односно тројца од Прилеп, по двајца од Скопје и Тетово, и по еден од Куманово и Охрид. Пациентите се на возраст од 54 до 87 години. Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 308 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Охрид – 36, Кавадарци – 18, Струга – 15, Велес – 14, Прилеп – 12, Битола – 10…

Во моментов во Охрид има 360 активни случаи, а во Струга 159.

OhridNews