Во последните 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.755 тестирања, починати се 10 лица на возраст од 63 до 88 години, а оздравени се 1.191 пациент, информира Министерството за здравство
Од ново заразените 15 се од Скопје по два од Куманово и Прилеп, а по еден од Охрид, Струмица, Кичево и Кратово.

Пријавени се вкупно 10 починати лица: пет лица од Скопје (88г,80г,74г,66г,57г) и по едно лице од Куманово (88г), Битола (63г), Кавадарци (78г), Струга (76г) и Кочани (83г). Од нив две лица се починати во домашни, а останатите осум во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 53 активни случаи.
OhridNews











