Со доведување на Месут Озил од Реал Мадрид на „Емирати“, Арсен Венгер го најде „клучот“ за кравање на формата и самодовербата на своите играчи.
На почетокот од сезоната Озил брилираше во дресот на Арсенал имаше повеќе асистенции од неколку тима во Англија што имаа постигнато голови. Со тоа логично Арсенал го запоседна врвот во Премиер лигата и имаше предност пред останатите конкуренти.
Честите повреди на фудбалерите од средниот ред и падот на формата на Озил се причина зошто Арсенал го изгуби врвот во Премиер лигата. Германецот и на „Сантијаго Бернабеу“ мака мачеше со физичката подготвеност, затоа често беше менувам од 60-та до 80-та минува, а истото се повторува и на „Емирати“.
За пример на 2 ноември против Ливерпул во Премиер лигата, Озил истрчал 71 спринт, а на 2 јануари против далеку послаб противник Кристал Палас имал учинок од 27.
Статистиката на германскиот репрезентативец на погодоци, асистенции, точни додавања пред и после „Боксинг деј“ му е надолна линија.
Арсенал сеуште е во трката за титулата во Премиер лигата, пред нив ги очекува тешка битка бидејќи и распоредот е против нив, а во Лигата на Шампиони прва пречка им е Баерн Минхен.
Мх.П.