Лондонскиот премиерлигаш Арсенал во последните часови од преодниот рок се засили со одличниот плејмејкер Mесут Озил, кој за сума од 50 милиони евра премина од редовите на Реал Мадрид.

Озил уште вчера ги мина лекарските прегледи, а откако Реал ја прифати понудата на Топчиите, тој денеска го официјализираше трансферот во лондонскиот клуб.

OhridNews