Основниот кривичен суд Скопје определи мерка домашен притвор за лицето осомничени за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Вчера, надлежниот јавен обвинител беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за упадот во М-НАВ.
Претходно за упадот во М-НАВ домашен притвор беше одреден за четири лица, меѓу кои и Беким Незири советник во М-НАВ и функционер на ДУИ.
OhridNews












