ЈП “Билјанини Извори” после превземањето на просторот наменет за сидрење на пловни возила кој се наоѓа на м.в. “Студенчишта”, доделен на времено користење со одлука на Советот на Општина Охрид, започна со акција за расчистување и уредување на споменатиот простор согласно потребите на корисниците-споствениците на пловни објекти.

Од ЈП “Билјанини Извори”, велат дека се соочуваат со проблем при уредување на преземениот простор, бидејќи не знаат кому му припаќа дел од опремата оставена таму, посочувајќи дека доколку сопственикот не се пријави, ќе бидат приморани да применат соодветни мерки.

По тој повод, а поради тоа што немаме евиденција во чија сопственост се наоѓаат понтоните, кои се во прилог на известувањето, јавно го повикуваме сопственикот/сопствениците да дојде/дојдат на споменатата локација за да си ги подигнат и дислоцираат понтоните. Доколку тоа не го направат во рок од 4 дена заклучно со ден недела 07. 06 2020, ЈП Билјанини Извори ќе биде приморано да го стори истото за што дополнително ќе побара финансиско обештетување од сопственикот/споствениците на понтоните. – соопшти ЈП „Билјанини Извори“.

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, овој април го презеде во времено владение, односно користење, стопанисување и одржување недвижниот имот – градежно земјиште наменето за сидрење на пловни објекти, кое се наоѓа кај каналот Студенчишта, со вкупна површина од 14426 м2. врз основа на Одлука бр.08-815 / 22 од 31.01.2020 година на Општина Охрид, за давање на времено користење на недвижен имот, на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.

За Едриличарски Клуб „Стрмец“ постапка била нелегално и насилно спроведена. Овинуваат дека е повредено правото на сопственост, на што клубот се повикува поради долгогодишното користење на просторот. Исто така клубот смета дека сериозно е оштетен и оти му се повредени одредени права, но и прописи и најави кривични пријави за инволвираните, како и правна разрешница на случајот.

Наспроти ваквиот став на ЕК „Стрмец“, дел од спортските работници, едриличари и клубови за водени спортови, пак, ја подржуваат одлуката стопанисувањето со просторот да го преземе ЈП „Билјанини извори“. Со тоа, според нив, ќе се се стави ред во каналот Студенчишта.

OhridNews