Приходите по сите основи на ЈП Билјанини извори се зголемени за повеќе од 100%, платите и паушалите се исплаќаат навремено, спортската инфраструктура се надградува, модернизира и одржува, истакна директорката Гордана Јовноска во отчетот за сработеното во изминатата година.
Од 1 ноември 2017 до 1 ноември 2018 ЈП има приход по сите основи од 32 008 718,00 денари. Во овој период исплатена е и едната плата која јавното претпријатие им ја должеше на вработените – 1 640 000, 00. Вратени се стари долгови во износ од 7 540 652,00 кои се неплатени фактури на разни доверители и добавувачи. На Управниот и Надзорниот одбор во текот на оваа година континуирано им се исплаќаат паушалите што досега не било случај во ниедно раководство во претпријатието. Паралено и постепено се сервисраат и заостанатите паушали од кои некои имаат и судски епилог. – рече Јованоска.
Акцент во отчетот беше ставен на работата на градските паркинзи, каде е воведен нов систем на наплата (зонско паркирање и наплата со SMS и гребни карти) за што ЈП Билјанини извори инвестирало сопствени средства во висина од 400 000,00 ден.
-Реновирани се три соблекувални на Градскиот стадион – Спонзорство во висина од 70 000 ден.
-Поставени се 1700 нови столчиња на трибините на градскиот стадион донација од ФФМ
-Поставена е нова пумпна станица за наводнување на стадионите 980 000,00 ден., спонзорирана од локалната самоуправа.-На теренот со вештачка трева проширени и покриени се трибините со вкупен број на гледачи кој изнесува 180 како и
-поставување на бекатон плочки како подлога на истата површина спонзорирано од локалната самоуправа
– Донесена е вода и поставена е чешма до игралиштето со вештачка трева потпомогнато од МЈП Проаква.
– Поставена е заштитна ограда на двете фудбалски игралишта во должина од 800м во износ од 140 000,00 денари – сопствена инвестиција.
-Реконструкцијата на паркетот во спортската сала чинеше 495 200,00 сопствени средства.
-Реконструкција на подиумот на записничката маса
-Променето и поправено е дел од осветлувањето во салата во износ од 45 000,00 ден.
-Во овој период направен е проектот за промена на осветлувањето во спортската сала со лед осветилки. Проектот чинеше 30 000,00 ден.-Оспособено е осветлувањето на тениските игралишта
-Направен е дел од кракот – исток кој досега не функционираше во филтерската станица во отворениот базен и поправка на компензационен базен во што беа вложени 170 000,00 ден сопствени средства.
-Извршен е ископ за подземни води инвестиција во висина од 65 000,00 ден. Овој ископ ќе се користи за наводнување на околината на базенот како и за полнење на истиот,со тоа ќе се намали потрошувачката на вода од градскиот водовод а со тоа и трошоците по овој основ кој изнесуваат повеќе од 2 000 000,00 денари во летната сезона. – наброја Јованоска.
Во отчетот Јованоска се осврна na бројните манифестации и спортски збиднувања организирани на терените на СРЦ Билјанини извори и најави нови инвестиции и проекти во 2019 година.
OhridNews












