ЈП Колекторски систем Скопје, подружница Охрид и Струга со известување до комитентите за електронско добивање на фактурите.

ЈП Колекторски систем Скопје, подружница Охрид и Струга ги известува сите корисници на наши услуги дека имаат можност на нашата веб страна www.kolektorskisistem.com.mk во мени УСЛУГИ и е-ФАКТУРА да пополните формулар со Ваши податоци и да оставите Ваш email за следните фактури да ви пристигнуваат во електронска форма на Ваш email, велат во соопштението.

Додаваат дека тие што се веќе регистрирани за online плаќање преку системот може да ја активираат наведената опција за да им пристигнуваат сметките преку електронска форма односно на нивната е маил адреса.

Доколку корисниците се одлучат за овие можности, велат од ЈП Колекторски систем, доставувањето на фактури преку А.Д. М.Пошта ќе биде прекинато.

OhridNews