Цврстиот отпад кој многу често се отстранува од шахтите а е несоодвено одложен од страна на граѓаните и покрај сите апели на ЈП Нискоградба предизвикува запушување на мрежата и често настануваат дефекти.
Одделението за фекално одржување редовно врши чистење на цврст отпад од шахти и сливници за одведување на фекална и атмосферска канализација велат од претпријатието, но при контрола на шахтите многу често се отстранува цврст отпад кој доколку од шахтата прелие во цевковод прави запушување на мрежата и настанува дефект.
Понатаму фекалиите се излеваат на улица или во нечиј двор или куќа на места каде нивото е пониско, како што беше случај со запушување на улицата „Никола Карев“ каде жителите цел месец беа поплавени со фекалии. При пробивање и чистење беа извадени кршени стакла и друг несоодветен отпад кој во никој случај не би требало да се најде таму. Ова несовесно однесување на поединци повлекува огромни материјални штети, загрозување на здравјето на луѓето како и загрозување на животната средина, потенцираат од претпријатието.

Апелираме по кој знае кој пат, граѓаните совесно да постапуваат при одлагање на отпадот бидејќи и успесите и неуспесите во функционирањето како граѓани на овој град заеднички ги делиме, велат од претпријатието.
OhridNews












