При обид за санирање на дефект на канализационна линија на ул. „7- ми Ноември“ утврдено е неправилно приклучување на објект во мрежата за одведување на отпадни води, информираат од ЈП Нискоградба.

Веднаш се пристапи кон градежна активност преприклучување на канализационната линија со изведба на ревизиона шахта. При ископот е изваден отпад кој е неразградлив и претставува опасност за појава на дефект на канализационата мрежа. Во повеќе наврати како ЈП сме апелирале за правилно депонирање на отпадот кој се испушта во системот за одведување на отпадни и атмосверски води, велат од претпријатието.

Неправилно депонирање, потенцираат од претпријатието, води кон појава на дефекти на канализационата мрежа со што директно се загрозува здравјето на луѓето, а исто така и животната средина.

OhridNews