ЈП ,,Охридски Комуналец” бара поголема внимателност во сообраќајот од жителите на Пештани со цел непречено одржување на јавната чистота.

Со цел навремено собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад се  замолуваат жителите на Пештани да не ги паркираат несоодветно возилата на улиците со што оневозможуваат возилата за собирање отпад благовремено го подигнат комуналниот отпад, велат од претпријатието.

Со тоа, додаваат, ќе се избегне лошата слика во однос на хигиената во Пештани.

OhridNews