По 50 садници сезонски цветен расад од сопствено производство, ќе подели ЈП „Охридски Kомуналец” на државните и јавните институции кои дејноста ја обавуваат на територијата на општина Охрид.
Целта на оваа акција е да им дадеме поттик на општествено одговорните институции да ги разубават своите дворови, а со своето уредено цветно катче да бидат пример за оплеменување на просторот, создавање здрави животни навики и заштита на животната средина, информираат од претпријатието.
Садниците можат да се подигнат од расадникот на Ј.П.„Охридски Kомуналец”.
OhridNews












