ЈП „Охридски комуналец“ со низа активности на терен. Во рамките на активностите беше исчистена обрасната вегетација кај каналот “Студенчишта” од ресторанот “Билјанини извори” до истоимениот спортски комплекс. Се уредуваше зеленилото на неколку локации во градот, се изврши подигање на несоодветно исфрлен градежен шут пред влезот на “Мауцкер”. Беше исчистена обрасната и дива вегетација на патот кон село Завој.

Во склоп на активностите се изврши и миење на улици и наводнување на дрвореди, како и двосменско чистење и подигање на отпад од плажите.

 

OhridNews